БОРИС БЕКЕР – Сакал кубански пури и убаво вино, сега во затвор својот скромен џепарлак го троши на бисквити

Посрамениот поранешен тенисер Борис Бекер се навикнува на животот во затворот во кој заврши затоа што се обидел да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови. Прилагодувањето нему не му било лесно, според The ​​Sun, и открива на што се жалел паднатиот идол.

Германски Bild пишувал за условите кои го пречекале, прославениот тенисер, во првите денови од затворот. Откако бил сместен во злогласниот лондонски затвор Вандсворт, добил повик на кој има право, а потоа го сместиле во ќелија која ќе мора сам да ја чисти. Неговиот ден започнува помеѓу 7. и 8. часот наутро и завршува во 8. навечер, кога си легнува.

loading...


Првиот оброк што го добил Бекер било солено говедско месо. Не му се допаднало, пишува The Sun, потсетувајќи дека Бекер е љубител на кубански пури, добро вино и елегантни ресторани, откривајќи дека не бил задоволен од количината на храна што ја добивал.



„Тешко му е“
Џепарлакот на Бекер во затвор е 10 фунти неделно. Тој, наводно, го користи за да купи чоколади, бисквити и банани за да ги надополни оброците од затворската менза. Тој е незадоволен и од вревата што ја прават другите затвореници бидејќи го вознемирувале во сонот.



„Тешко му е, а најлоша му е храната. Не може да поверува колку е лоша и колку се мали порциите. Еден од првите оброци му беше солено говедско месо и не беше добро. Ќе мора да се навикне на се. Тој е шокиран и од нехигиената во преполниот затвор. Условите се очајни, речиси нехумани. Ќелиите се студени и речиси и да нема дневна светлина. Сето тоа е шок за него“, изјавил неименуван извор The ​​Sun.
Сепак, ситуацијата наскоро ќе биде полесна за Бекер. Причината е фактот што неговите постапки немале насилен карактер, па поранешниот тенисер по неколку недели ќе биде префрлен во затвор со послаба безбедност. На новата локација треба да помине само девет месеци, а остатокот од казната во домашен притвор со електрична огрлица околу ногата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …