Ова лековито растение од семејството на штитоцветни се користи повеќе од 4.000 години. Има многу лековити својства, па затоа не е чудно што се користела како лек во древниот Египет. Станува збор за ким.
Расте во областа од источниот Медитеран до Азија, а особено во Индија, која е нејзин најголем производител. Кимот е незаменлив дел од индиското кари и многу други интернационални јадења.
Поточно, во готвењето се користат семки од ким, кои имаат зачинет сладок вкус со траги на горчина, а кој многу наликува на анасон. Кимот е исто така многу силен зачин, затоа користете го умерено.
Во блискоисточната кујна, кимот се додава во сите јадења со грав и наут. Главната причина? Ја спречува надуеноста и гасовите предизвикани од конзумирањето на овие мешунки. Вечерта пред термичката обработка треба да се натопи гравот, а потоа при готвењето да се додаде малку ким.
Доколку имате проблеми со надуеност и гасови, можете да ја испробате техниката на џвакање прстофат семки од ким неколку пати на ден со претходна консултација со лекар.
Некои истражувања покажале дека семките од ким ја стабилизираат цревната флора и можат да помогнат во лекувањето на гастроинтестиналните нарушувања, да го спречат растот на лошите и да го поттикнат растот на добрите бактерии.
Кимот може да се најде на пазарот во специјализирани продавници за зачини или здрава храна во форма на семки или прав.