Дали некогаш сте се запрашале како навистина им делувате на другите луѓе
Оптичка илузија која ѝ пркоси на логиката покажува две сценарија – но што прво гледате?
Постојат две опции: жена што гледа низ прозорецот или череп.
Јутјуб каналот Brightside објаснува: „Ако прво забележите жена како гледа низ прозорецот, може да ги превидите опасностите. Можеби дури и го ризикувате животот без да го сфатите тоа. Понекогаш сте премногу спонтани и малку наивни. Затоа често може да се најдете неподготвени за непријатни последици.Ова, накусо, би бил вашиот профил во туѓите очи“.
Дали сепак прво го видовте черепот?
Видеото објаснува: „Дали прво го забележавте черепот? Ако е така, тогаш повеќе сте реалист отколку идеалист. Веројатно ќе изгледате малку цинично за луѓето кои не ве познаваат добро, но вашето мислење е дека на сите добри работи еден ден може да им дојде крајот“.
Многу луѓе биле импресионирани од оваа илузија, а една личност рекла: „Ова ми беше многу интересно“.
Друг додал: „Што ако ја погледнете сликата и ги видите двете работи веднаш??
Третиот коментираше: „Ми се допаѓаат овие цртежи на оптички илузии, интересно е да се види дали другите гледаат исто или различно“.
Фото: Принтскрин/YouTube/Brightside