(ФОТО) Честитките за третиот роденден на Арчи јасно ги покажуваат проблемите во кралското семејство

Преселувањето во Калифорнија, глобалната пандемија и заладените семејни односи ги држеа Хари и Меган подалеку од остатокот од кралското семејство две и пол години. Последиците од ова најјасно се гледаат денес, кога синот на Хари и Меган, Арчи го слави својот трет роденден, а членовите на кралското семејство немаат свежи фотографии за јавно да го одбележат роденденот на малото дете.
Додека момчето слави дома со родителите и помалата сестра Лилибет, неговите роднини во Британија се соочија со предизвикот да објават на официјалните социјални мрежи. Прабабата Елизабета, дедото Чарлс со сопругата Камила и вујко Вилијам со тетка му Кејт ги објавија своите честитки, речиси во исто време.

This image has an empty alt attribute; its file name is cestitka-za-arci.jpg


Бидејќи во последната година немаше семејни собири, Чарлс и Војводите од Кембриџ мораа да ги повторат идентичните фотографии што ги објавија минатата година. Кралицата Елизабета, пак, избрала уште постари кадри, оние од денот кога првпат го видела својот правнук.
Арчи е седми во редот за тронот, а последен пат беше во Обединетото Кралство во есента 2019. година, пред неговите родители да отпатуваат да го поминат Божиќ во Канада. Се испостави дека тие немаат ни намера да се вратат, а нивната одлука ја потврди пандемијата што избувна на почетокот на 2020. година.

This image has an empty alt attribute; its file name is cestitka-za-arci-kralica.jpg


Хари последен пат ја виде кралицата минатиот месец, кога заедно со Меган пристигнаа во Британија на пат за Холандија, но во тоа време не ги земаа децата со себе. Се верува дека неговиот однос со принцот Чарлс се уште е затегнат.
Медиумите пишуваат и дека Кејт и Вилијам отишле на скијање за да избегнат средба со Хари и Меган.
Инаку честитките од кралицата Елизабета, но и војводата и војвотката од Кембриџ (принцот Вилијам и Кејт Мидлтон) беа објавени на Инстаграм стори.

Принцот Чарлс пак на ниту еден начин не се осврнал на роденденот на Арчи, додека со големо внимание се одбележани родендените на принцот Луис (23. април) и принцезата Шарлот (02.05).


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …