(ФОТО) Мадрид слави нов херој: Алкараз го совлада Надал

Тинејџерот Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, откако со 2-1 беше подобар од својот речиси 17-годишен сонародник Рафаел Надал.
По сетови беше 6:2, 1:6, 6:3 за тенисерот од Мурсија по повеќе од 130 минути на мадридската земја. Следен противник за деветтиот светски играч ќе биде најдобриот играч на планетата Новак Ѓоковиќ, кој неколку часа претходно лесно го елиминира Хуберт Хуркач.

View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)



Алкараз за прв пат во кариерата го совлада Надал, а и претходните две меѓусебни средби „кралот на земјата“ ги реши во своја полза. Интересно е што двајцата тенисери играа и во Мадрид во 2021. година, а тогаш исходот беше значително поинаков – помладиот доби само три гема.

View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Ѓоковиќ и Алкараз никогаш досега не играле. Во 2022. година Шпанецот има скор 25-3, а Србинот 7-3. Алкараз ја продолжува годината од соништата – освои два од претходните три турнири (Мајами и Барселона), а во третиот испадна во првото коло (Монте Карло).


View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Ова беше 99. мастерс четвртфинале за Надал, а само деветто учество на Мастерсите за Алкараз, што доволно говори за разликата во искуството. Карлос Алкараз бил само шестмесечно бебе кога Рафаел Надал го одигра своето прво АТП финале во кариерата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина еден од најголемите тениски тренери на сите времиња

ЛЕГЕНДАРНИОТ тениски тренер Ник Болтиери починал на 90-годишна возраст. Американските медиуми пишуваат дека тој починал …