Девојка открила што се случува во телото
Една млада дама решила да го прифати предизвикот и да почне да се храни здраво, а првата храна од која успеала да се ослободи е лебот. Следниот месец секојдневно следела што се случува со нејзиното тело, а потоа ги открила резултатите.
1. Постојано бев гладна
Првите седум дена не можев да се најадам. Постојано бев гладна. Ми се јадеше леб, колачи, сонував кифлички… Не се осмелив ни да погледнам во пекара. Појадокот беше најкритичен, во смисла дека морав да го сменам пристапот кон овој оброк. Наместо да одам во пекара и да купам нешто за појадок, морав од дома да носам варени јајца, каша од хељда или нешто што ќе ме држи сита додека не се вратам дома. Но, после неколку дена, организмот се навикна, иако кризата се уште ја чувствувам – еден месец откако го отфлив лебот.
2. Изгубив 5. килограми
Единственото нешто што го променив во исхраната беше тоа што го исфрлив лебот. Се останато остана исто. Да напоменам дека никогаш не се хранев нездраво, освен тој појадок, кој беше претежно оброк од пекара.
Продолжив да вежбам како и досега, да ручам домашно приготвени оброци (сарма, грав, грашок), но само без леб. После еден месец видно ослабев, а тежината се покажа – 5 кг.