(ВИДЕО+ФОТО) Партија која радува: Новак лесно го победи Хуркач

(ВИДЕО+ФОТО) Партија која радува: Новак лесно го победи Хуркач
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, кој во петокот беше подобар од Полјакот Хуберт Хуркач со 2-0 во веројатно најдобриот меч што го одигра во 2022 година.
Ова беше четврта победа за Ѓоковиќ во досегашните четири дуели со Хуркач. Ова е 72-ри пат српски тенисер да се пласира во полуфинале на мастерс турнир.

View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Играта на Ѓоковиќ секако е причина за задоволство за сите фанови на освојувачот на 20 грен слем титули – играше концентрирано на мадридското сонце, добро сервираше и доминираше на теренот, особено во долгите размени, иако е очигледно дека Хуркач, 14-от играч во светот, не беше на својата кулминација на овој дуел.
Во првиот сет, српскиот тенисер направи клучен брејк во вториот гем, веднаш ја потврди таа предност, поведе со 3:0 и во ниту еден момент не беше загрозен до крајот на сетот.


View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …