Мажите најмногу ги мразат овие мириси, кога ќе ги помирисаат на жена, буквално се повлекуваат!.
Мирисот е една од главните ставки при изборот на партнер. Кога ни се допаѓа нечиј „вкус“ и мирис на телото, чувствуваме посилна привлечност и сексуална желба. Меѓутоа, ако не ни одговара, лесно може да не одбие. Ова правило важи и за мажите и за жените, а дознајте кои мириси „на прва топка“ ги одбиваат мажите.
1. Антички парфеми
Ова се однесува на познатите парфеми кои беа популарни во минатиот век, а кои најчесто ги поврзуваме со постарите. Меѓу најмалку омилените мириси се некои од легендарните како „Шанел бр. 5“ или „Опиум“. Тешките и слатки парфеми не го возбудуваат машкото сетило за мирис, туку само го иритираат.
2. Мирисот на ванила
Ќе помислите, па кој не сака ванила? Да, мажите ја сакаат, но само ако ја почувствуваат во колачи, но не и на женско тело. Повеќето мажи нема да бидат среќни ако нивната понежна половина излезе од туш и ги обземе мирисот на гел од ванила или млеко за тело. Зошто? Оваа арома изгледа тврда, слатка и нималку секси.
3. Премногу слатко
Ниту една жена која се придржува до стилот, која е софистицирана и елегантна, дури и на секси начин, нема да носи парфеми кои се премногу „засладени“ и потсетуваат на детски слатки. Ваквите мириси често знаат да предизвикаат гадење кај мажите, а кога ќе го почувствуваат тоа веднаш ќе се повлечат два чекори наназад, дури и кога ќе им се допадне дамата на прв поглед.
4. Тутун
Ниту еден маж, без разлика дали е пушач или не, не сака да бакне жена и во исто време се чувствува како да споделил интимен момент со пепелникот. Во Македонија има огромен број пушачи, и мажи и жени, а без намера некого да критикуваме за оваа грда навика, не можеме да негираме дека овој мирис е непријатен. Тутунот навлегува во косата (особено оние со долга), во облеката и има многу одбивно дејство кај спротивниот пол бидејќи создава впечаток на несоодветна хигиена и негрижа.
5. Унисекс парфеми
Во последниве години жените обожаваат унисекс стил на облека и слични мириси. Но, мажите не се воодушевени ниту со тоа. Многумина сакаат покрај себе да видат нежна и женствена дама, а не онаа која мириса и се облекува исто како нив.