Сопругата на британскиот пејач Том Паркер (33), кој почина минатиот месец од рак на мозокот, даде шокантна исповед за британскиот „The Sun“ и ги опишала последните моменти кои ги поминала со својот сопруг.
„На крајот останавме сами и имаше толку многу љубов во собата“, рекла Келси Паркер, додавајќи дека нејзиниот сопруг Том Паркер починал со безболна смрт.
View this post on Instagram
„Отидов во кревет со него. Бевме заедно, само го сакав тој момент со него. Не сакав никој да влезе во собата. Ни требаше тоа време заедно за да разговараме”, ги опишала Келси Паркер последните два часа заедно, и нагласила дека сопругот го држела за рака до последниот здив.
Како што рекла, му ветила дека ќе се грижи за нивните две деца, како и дека ќе ги научи на сите животни лекции што тој ја научил неа.
И покрај се, ни беше убаво до самиот крај“, изјавила таа.
Во интервју за британски „The Sun“, Келси Паркер откри дека музиката на нејзиниот сопруг се пуштала во болничката соба на денот на неговата смрт.
Пејачот на бендот „Wanted“ почина минатиот месец од рак на мозокот, на 33-годишна возраст. Лекарите му го дијагностицирале ракот во октомври 2020. година, кога му предвиделе дека му остануваат уште 12. месеци живот.
И покрај дијагнозата, Том Паркер минатиот септември настапи во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон, на концерт посветен на борбата против ракот. Потоа замина на турнеја со бендот, но по некое време мораше да се откаже од настапот. Тој и неговата сопруга последен пат беа видени во јавноста на 15. март во лондонската 02 арена, каде што настапил.
View this post on Instagram
Келси Паркер била многу горда на одлуката на нејзиниот сопруг да оди на турнеја, открила дека забележала дека тој по настапот се однесувал поинаку. На почетокот за тоа ја обвинила исцрпеноста, но набрзо се испоставило дека болеста го совладува пејачот.
Том Паркер ги помина последните денови во болницата Сент Кристофер во јужен Лондон, а беше погребан на 20 април со песната „Champagne Supernova“ на бендот „Oasis“, која пејачот ја обожаваше.
„Да можеше љубовта да те спаси, ќе живеевме заедно засекогаш“, рекла Келси Паркер на погребот, која имала посебна порака за својата двегодишна ќерка Аурелиа: „Ќе дадам се од себе ангелите да се грижат за татко ти. .
Љубовта на Келси и Том Паркер трае уште од нивните тинејџерски денови.
Извор: the sun