(ВИДЕО+ФОТО) СТРАШНА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Скоро невидено чудо во полуфиналето, Ливерпул сепак ќе игра за титулата!

ФАНТАСТИЧНО фудбалско шоу приредија Виљареал и Ливерпул на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите кое се одигра во Шпанија. „Црвените“ славеа по големиот пресврт со 3:2 и се пласираа во финалето со вкупни 5:2.
Ниту најголемите оптимисти не се надеваа дека избраниците на Унаи Емери ќе го направат неизвесен овој дуел, но шпанскиот стручњак подготви одличен тим кој еден час му одржа лекција на фаворизираниот ривал.


Сепак, „црвените“ сфатија дека се што направија во првиот натпревар (победа од 2-0) може да се сруши како кула од карти. Набрзо додадоа гас и постигнаа два гола што им овозможи мирно да го приведат натпреварот до крај.
И се започна идеално за Виљареал. Веќе во 3. минута Булаје Диа ги крена навивачите на нозе на стадионот „Де ла Керамика“ кога го совлада Алисон.
Домаќинот продолжи да спроведува добро подготвен играчки план, а кога сите помислија дека ќе заминат на одмор со 1:0, следуваше нов гол. Овој пат стрелец беше Френсис Кокелан, а втората асистенција ја забележа Етјен Капу.
Јирген Клоп имаше што да им каже на своите играчи на полувремето. Несомнено е дека им одржа добра лекција, бидејќи за 12. минути успеаа да постигнат три гола.

View this post on Instagram

A post shared by Liverpool Football Club (@liverpoolfc)



Најпрво во 62. минута Фабињо шутираше силно од десната страна и со не баш добра реакција на домашниот голман Џеронимо Руљи го намали резултатот кој им одговараше на гостите.
Само пет минути подоцна Луис Дијаз одлично се снајде по центаршутот на Трент Александер-Арнолд и му донесе израмнување на Ливерпул. Тогаш беше јасно дека „црвените“ ќе играат во финалето.
Тој гол целосно ги изгасна домашните играчи кои до крајот на натпреварот уште еднаш клекнаа на колена. Садио Мане одлично ја избегна офсајд замката во 74. минута, а потоа „измеша“ неколку играчи на домашниот тим и аргентинскиот голман, па не му беше тешко да ја погоди празната мрежа на ривалот.


До крајот на натпреварот немаше промена на резултатите, па Ливерпул ќе има можност да се бори за популарното „ушле“.
За одбележување до крајот на натпреварот е црвениот картон кој Капу го доби во 86. минута, па преостанатото време „жолтата подморница“ го одигра со десет играчи.
Англискиот клуб во финалето ќе игра против победникот од мечот Реал Мадрид – Манчестер Сити (3:4). Тој дуел се игра вечерва од 21 часот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …