(ФОТО) Во Германија, ги повикуваат возачите да штедат: „Намалете ја брзината и возете помалку!“

ГЕРМАНИЈА е една од најзависните европски земји од руската енергија, а работите станаа уште покомплицирани откако таа одлучи да се откаже од нуклеарната енергија.
Во Германија, се добро свесни за нивната енергетска ранливост и во моментов работат на превенција со цел да се справат со предизвиците што е можно посилно. Ќе помине летото, а потоа ќе дојде зимата во која потрошувачката на енергија драстично ќе скокне.
Затоа, веќе се повикува на штедење, а меѓу најгласните е германскиот автомобилски клуб ADAC, кој покрена акција со која ги повикува возачите буквално да ги тргнат нозете од гасот. Идејата е да се користи помалку гориво, па затоа ADAC на своите возачи им порачува:
„Ги повикуваме членовите на клубот да трошат помалку гориво и на тој начин да ја намалат зависноста од увоз на сурова нафта. Зависноста на нашата земја од увозот на руска енергија е голема и важно е да се сведе на помала мера. Секој поединец може да придонесе за ова“, велат во соопштението од ADAC.


Целта е сосема јасна. Без разлика дали возите побавно и поретко или воопшто не возите, ова треба да ја намали потрошувачката на фосилни горива. Со помало трошење би се обиделе да создадат одредени резерви со кои ќе ја дочекаат зимата во повеќе или помалку подобра позиција.
„На нашата страница можете да најдете совети како да ја намалите потрошувачката на гориво. Сè на сè, само побавното возење може да ја намали потрошувачката до 20. проценти“, велат од германскиот авто клуб.
Кога веќе не е поради екологијата, некои тоа веќе го направиле поради геополитичката ситуација и влијанието што го има врз одделни европски земји. Бугарија и Полска моментално тоа и тоа како го чувствуваат.

Фото: Принтскрин/adac.de


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Театарски уметници од Србија, Северна Македонија и Албанија стануваат дел од „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија, на 28. септември, во Владата …