Голем број коментари на социјалните мрежи предизвика фотографија од свадба во Америка, на која гостинот забележал сцена од јадење кое му било послужено.
Корисник на социјалната мрежа Твитер објавил слика покрај која напишал „од американска свадба“.
Не се знае дали било само предјадење, но што и да било на ниту една свадба во Македонија или Србија се знае дека вакво нешто е сосема незамисливо, за што сведочат и коментарите.
Jedna sa Americke svadbe pic.twitter.com/Q5zvVJZmi4
— 💥ParaChi💥 (@parachiYT) April 30, 2022
„Излези од таму“, „Не би го јадела“, „Дојди кај брат ми во Срем, да те нахранам, сега извини, гладен си“, „Шампионски пола сендвич! Се надевам дека ќе ставиш лист зелена салата во пликот“, „Не јадете го тоа гомно, излези и купи си скара“, биле само дел од коментарите кои се наоѓаат под оваа објава.
Фото: Принтскрин/Twitter