„Нетфликс“ ја откажал анимираната серија осмислена од Меган Маркл

„Нетфликс“ ја откажал анимираната серија Pearl, чиј креатор е Меган Маркл, пишува Page Six.
Серијата долго време е во почетна фаза на создавање, а требало да ја прикаже фантазијата и историјата низ авантурите на 12-годишно девојче во секојдневните животни предизвици. Се вели дека „Нетфликс“ ја откажал серијата поради кратење на буџетот и остриот пад на претплатниците.
Извршен продуцент на серијата беше сопругот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)



„Нетфликс“ го направи истото со голем број други анимирани проекти кои не ги исполнија роковите и се уште се во рана фаза. На продуцентите им беше кажано да се обидат да ги прикажат своите проекти на некои други платформи за стриминг.
Инаку, многумина беа убедени дека Меган Маркл со анимираната серија Pearl сака да го покаже сопственото детство. Имено, името Меган потекнува од Велс, каде што традиционално се пишува Меган, но изворно дошло од грчкото име Маргарет, изведено од зборот margaritēs, што значи бисер (pearl).

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Љубовта на Дујгу Саришин и Чагатај Улусој никогаш посилна

Познатиот актерски пар, Чагатај Улусој и Дујгу Саришин, кои уживаат во својата љубов далеку од …