(ВИДЕО+ФОТО) Првиот тренинг на Ѓоковиќ во Мадрид пред полни трибини!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ почна да тренира во Мадрид.
На теренот каде што тренираше Новак, трибините беа исполнети до последното место.
Новак по тренингот ја искористил можноста да помине кратко време со воодушевените навивачи.
Противник на Новак во второто коло од овој турнир ќе биде победникот од мечот Гаел Монфис – Карлос Химено Валеро.
Дотогаш Новак ќе има доволно време да се подготви, а како и секогаш постои голем интерес за неговите тренинзи.
Токму на неговиот прв тренинг навивачите беа присутни во голем број и гледаа како светскиот рекет број еден се подготвува за првиот меч на турнирот во шпанската престолнина.


Новак се уште е на врвот на АТП листата, но би можел да се „пресели“ на втората позиција доколку испадне во второто коло на турнирот.
Пресметката е јасна – Новак мора да го победи Монфис (во вторник) за да ја задржи првата позиција и по Мадрид, иако неговиот прв конкурент Данил Медведев нема да игра на овој Мастерс.
Ѓоковиќ три пати го освојуваше Мастерс турнирот во Мадрид.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина еден од најголемите тениски тренери на сите времиња

ЛЕГЕНДАРНИОТ тениски тренер Ник Болтиери починал на 90-годишна возраст. Американските медиуми пишуваат дека тој починал …