(ВИДЕО+ФОТО) Голема трагедија што ја погоди поранешна Југославија: На погребот на едната починала и другата сестра

Нејзиниот живот го одбележале трагедии…

Пејачката Јадранка Стојаковиќ е позната по своите хитови: „Што те нема“, „Се можевме да направиме“, „Има некоја тајна врска“, „Волшебници“ и многу други. Сепак, малкумина знаат дека нејзиниот живот го одбележале големи трагедии.
– Животот ми е тежок уште од детството. До пет години живеев со мајка ми, која се селеше од место на место, па се преселив кај баба ми, а потоа за мене се грижеа вујко ми и неговата сопруга. И тие се селеа низ цела Германија, Норвешка и Шпанија… – рекла таа своевремено. Музичката кариера ја започна во американските џез клубови во Германија, а успехот ја однесе дури и во Јапонија.
Но, нејзината успешна кариера беше прекината со војната во нашиот регион. Како што рекла, не можела да ужива во својот успех додека постојано размислувала како се нејзините роднини и дали се воопшто живи.


View this post on Instagram

A post shared by @balkanino


Во Јапонија останала 23. години, а за време на војната непознат маж влегол во нејзиниот стан во Сараево и на измама го продал.

На погребот на едната починала и другата сестра
Ова не е најлошото нешто што и се случило на пејачката со раскошен глас. Имено, кога дошла од Јапонија на погребот на нејзината сестра, на пат кон гробиштата, во автомобилот пред неа, починала и нејзината друга сестра.
Скршена од тага некако нашла сила да продолжи со својот живот, но во 2010. година ја снајде нова трагедија. Кога излегла на сцената за време на еден настап паднала и поради тоа нагло и се влошила здравствената состојба. Дијагностицирана и е болест на моторните неврони или амиотрофична латерална склероза.
-Постепено ми пропаѓаа нозете се додека целосно не станав неподвижна – изјавила во една прилика, пренесува „Дневни аваз“.


Секој ден губела се повеќе сила, а бидејќи не успеала да си го врати изгубениот стан во Сараево, животот го продолжила во Бања Лука. Иако едвај зборувала кон крајот на животот, таа го задржала својот дух.
– Интересно е кога човек во животот се прашува што е среќа и колку свесно влијаеме на нашите позитивни мисли, на нашите добри дела. Ако ме прашате денес што би сакала, тоа би важело за сите. Би сакала луѓето да размислуваат за себе и за својот живот, изјавила таа во едно од нејзините последни интервјуа за „Дневни аваз“.
– Не можам да се сетам кој дојде кај мене во последно време. Нема повеќе од мене. Тоа е тоа, јас немам ни глас. Не можам повеќе, болеста ми одзеде се. Не можам повеќе да свирам, но често сонувам музика. Го живеам цел живот со неа и како да имам концерти додека спијам. Сè уште ја чувствувам, сè уште ја слушам, изјавила тогаш Јадранка за споменатиот медиум. Таа починала на 3. мај 2016. година.

Фото: Принтскрин/YouTube/Trista

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Почина популарниот јутјубер Technoblade. Имаше 23 години!

Почина Technoblade, Јутјубер кој имаше 11. милиони претплатници на својот канал благодарение на видеата на …