(ВИДЕО) Марсело излегол на тревникот на Сити. Се фатил за главата кога видел што направил

ЛЕГЕНДАТА на Реал излегла на тревникот на Етихад на тренинг во пресрет на вечерашниот прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Реал. Но, кога Марсело сфатил што направил, почнал да си ја држи главата. Имено, тој ненамерно го згазнал грбот на домаќинот на работ од теренот.
Едер Милитао видел што направил неговиот соиграч и веднаш го критикувал, на што Марсело се фатил за глава. Тој вака реагирал бидејќи фудбалерите од почит кон домаќинот внимаваат да не стапнат на грбот на клубот каде што играат, без разлика што овие симболи се исцртани по подовите на ходниците и тунелите и тревниците.
Меѓутоа, Марсело се раасприкажувал и не видел дека го гази грбот при влегувањето на теренот. За тоа го нападнал Милитао, а легендарниот дефанзивец на Реал го покажал своето жалење реагирајќи на неговиот несакан потег. Затоа тој и неговиот сонародник и соиграч ги воодушевиле навивачите на Сити.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …