Храна која содржи три пати повеќе витамин Ц од портокалите

Збогатете ја вашата исхрана со овие намирници богати со витамин Ц, што според некои истражувања може да му помогне на имунолошкиот систем да се одбрани од настинки и грип.
1. Чили пиперки
Половина шолја сечкана или исечкана чили пиперка содржи 107,8 мг витамин Ц. Покрај тоа, научниците од Универзитетот во Бафало откриле дека капсаицинот, соединение кое ги прави лутите чили пиперки, може да помогне во ублажување на болките во зглобовите и мускулите.

2. Црвена пиперка
Чаша сечкана црвена пиперка содржи речиси три пати повеќе витамин Ц од портокал – дури 190 мг. Црвената пиперка е и одличен извор на витамин А, кој го штити здравјето на вашите очи.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is luti-piperki-1.jpeg

3. Зелени пиперки
Една шолја сечкана зелена пиперка содржи помалку витамин Ц од црвената пиперка, но со учество од 120 мг, сепак прави 200 проценти од препорачаната дневна доза. Зелената пиперка е исто така одличен извор на влакна.


4. Кељ
Покрај двојно повеќе од препорачаната дневна доза на витамин А и седум пати поголема од препорачаната количина на витамин К, порција од една шолја кељ обезбедува 80,4 мг витамин Ц. Кељот содржи и значителна доза на минерали и масни киселини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …