(ФОТО) Латино убавицата фатена без трошка шминка, а открила одлична фигура во костим за капење!

Познатата латино ѕвезда Шакира ги одвела своите синови на плажа и на папараците им ја покажа природно убавата фигура и лице без шминка.


Латино ѕвездата и поп-пејачка Шакира изгледа исто толку слатко како и на почетокот на кариерата, а покрај тоа што има две деца, 45-годишната пејачка има одлична фигура што може да се припише на љубовта кон танцувањето и редовните тренинзи.
Шакира била видена со синовите на плажа во Шпанија, а пејачката носела жолт костим за капење и неуредна пунџа, оставајќи го лицето без шминка за да ги впие сончевите зраци.

Шакира е една од ретките ѕвезди која се уште видно не посетила пластичен хирург, а изјавила дека од сета шминка повеќе сака да става само крема со заштитен фактор на лицето и дека најмногу се грижи за нејзините заби.



Шакира е во врска со шпанскиот фудбалер Жерар Пике, а заедно имаат два сина, 9-годишниот Милан и 7-годишниот Саша. Шакира и Жерар се заедно 12 години, а нивната љубовна приказна започна на Светското првенство во 2010 година. Кога Шакира ја изведе навивачката химна „Вака Вака“, на церемонијата го запозна и Пике и тоа беше љубов на прв поглед.

Пејачката е 10 години постара од фудбалерот и многумина се сомневаа во нивната љубов, но како одминуваше времето овој пар потврди дека може да биде вистински пример за многу други парови.
Парот никогаш не се венчал, имало многу приказни за изневерување и раскинување, но овој пар цврсто покажал дека ништо не може да ги совлада и дека се вистински сродни души.

Папараците редовно ја следат. Сега Шакира е „уловена“ во опуштено издание на плажа на островот Питиусас во Шпанија. Заедно со Шакира се и нејзините два сина од врската со Пике и две непознати лица, најверојатно пријатели на пејачката.

Извор: dnevnik.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …