Постојат многу начини да ја исчистите туш кабината, но идејата е да го пронајдете најдоброто и најбрзото и да се уверите дека кабината е целосно чиста после тоа миење.
За овој трик не ви се потребни деструктивни хемикалии за домаќинството, потребна ви е само течност за миење садови. А бидејќи користите четка или џогер, не ви требаат ни ракавици.
Покрај течноста за миење садови, потребна ви е само сода бикарбона, а на крајот и вода! Сè што треба да направите е да посипете малку течност за миење садови на подот или ѕидовите на вашата туш кабина, а потоа додадете сода бикарбона преку неа. Се остава да отстои малку, па се додава малку вода. После тоа, прво „изгребете“ ги ѕидовите со џогер или четка за триење со рачка, а потоа подот неколку пати. Ако внатрешноста на кабината е пластична, тогаш не користете агресивна четка, туку едноставен џогер. Четката е наменета само за плочките.
View this post on Instagram
По ова, не само што ќе се отстранат бактериите и ќе биде чиста, туку ќе биде сјајна и блескава.
Фото: Архива