Се жалела на вртоглавица и губење на слухот, а потоа добила чудна дијагноза

Една 51-годишна жена имала силна вртоглавица која траела 24 часа, па отишла на лекар.
Жената направила КТ што покажало дека во неколку структури на внатрешното уво се заробени воздушни меури. Воздушните меури заробени во внатрешното уво може да предизвикаат ненадејна силна вртоглавица, па понекогаш е неопходна операција за да се смири, пишува Live Science.
Жената тврди дека во тоа време нејзината соба буквално се вртела околу неа и дека чувствувала притисок од десната страна во пределот на увото и истакнала дека од таа страна го изгубила слухот.
Докторот ја прегледал, но не открил никакви абнормалности во или околу нејзиното уво. Потоа го направил тестот Дикс-Холпајк, кој обично се прави доколку пациентот има вртоглавица. Кај жената било откриено бенигно пароксизмално позициона вртоглавица (БППВ), па и покажале вежба за исцелување.

Отолитите се структури во увото кои ги следат движењата на главата и нејзината положба во однос на гравитацијата. Тие содржат ситни кристали кои ги прават луѓето чувствителни на гравитацијата. Движењето на овие кристали се случува од различни причини.


This image has an empty alt attribute; its file name is vrtoglavica.jpg

Воздушни меури во внатрешното уво
Кога се движат, тие можат да се втурнат во еден од полукружните канали, предизвикувајќи нејзина чувствителност на промени во положбата на главата, предизвикувајќи чувство на вртоглавица. Вежбата наречена маневар на Епли може да ги врати кристалите на увото на вистинското место, но за жал на 51-годишната жена не и помогнала.
Таа направила компјутерска томографија (КТ), која покажала дека воздушните меури се заробени во неколку структури на внатрешното уво, предизвикувајќи симптоми на губење на слухот и чувство на „полност на увото“ и вртоглавица.
Бидејќи состојбата и се влошувала, лекарите решиле да направат хируршка процедура која ќе го санира оштетениот дел од внатрешното уво со трансплантација на ткиво. На пациентката веднаш и било подобар. Два месеци по операцијата, слухот целосно и се вратил, а КТ покажал дека повеќе нема воздушни меури во внатрешното уво.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …