(ВИДЕО) Многумина тврдат дека ги контролира партнерите – за да бидат во врска со неа, момците мора да го направат ова

Девојката наишла на осуда, откако открила листа на правила кои мора да ги почитува секој дечко со кој излегува. Корисниците на Tik Tok сметаат дека премногу ги контролира своите партнери.
Наталија Реиносо објавила дека има осум правила кои мора да ги почитуваат сите кои сакаат да излезат со неа, а некои од нив ги навела во видеото кое го споделила на нејзиниот Тик Ток профил.
Некои од овие ограничувања вклучуваат забрана за следење атрактивни жени на социјалната мрежа Инстаграм. Таа дури им забранила на своите партнери да лајкуваат фотографии од атрактивни девојки.
Правило број еден: „Мораш да ја блокираш секоја девојка со која си имал некаква романтична интеракција. Се разбира, тоа ги вклучува сите девојки со кои си спиел, но тоа важи и за оние со кои само си се држел за рака. Ако дознаам дека не си ги блокирал ‘Готово е меѓу нас’“, предупредила Наталија.
Правило број два: „Не можеш да следиш ниту една нова жена од моментот кога ќе започнеме врска. Тоа е така и точка“, продолжила таа.
Правило број три: „Не можеш да бараш профили на други девојки на Инстаграм. Не разбирам – што бараш? Можеш да најдете се што ти треба во нашата врска”.
Четвртото правило што го спомнала е забраната за следење убави девојки на Инстаграм. Таа тврди дека општо е познато дека на жените тоа не им се допаѓа. „А ако сите го знаат тоа, тогаш зошто тоа им се толерира на момчињата?“, прашала таа.
Наталија не го објавила целиот список, но најавила дека ќе го стори тоа. Од видеото може да се спознае правилото за споделување приказни на Инстаграм, како и забраната за фотографии од девојки во бикини.

@thefreakshowcircus


If you dated my man after me, YOURE WELCOME 🤗

♬ original sound – The Freak Show 🎪


Иако многумина биле шокирани од нејзиното видео, таа изјавила дека речиси сите мажи со кои излегувала ги почитувале овие правила, па затоа не се плаши дека на овој начин ќе ги исплаши потенцијалните додворувачи.
Многу од корисниците го изразиле својот шок и неверување во коментарите, нарекувајќи го нејзиното однесување токсично и контролирачко. Повеќето корисници мислат дека довербата во врската е најважна и дека такви работи не би ѝ паднале на памет доколку му верува на партнерот.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …