(ВИДЕО+ФОТО) Ремек дело на Меси за десеттата титула на ПСЖ: Го постигна најубавиот гол во новиот клуб!

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси го постигна веројатно најефектниот гол во дресот на ПСЖ на мечот против Ленс, каде на парижаните им беше доволен еден бод да ја заверат десеттата титула во Франција.
Меси погоди во 68. минута по асистенција на Нејмар, а откако ја прими топката, од далечина со левата нога биеше во далечниот агол на голманот и го доведе својот тим во водство. Сепак, ПСЖ на крајот не го доби овој натпревар бидејќи Жан постигна гол 1:1 во 88. минута, но и без тоа станаа шампиони на Франција.

loading...

Ова беше само третиот лигашки гол на Меси во Франција, а покрај тоа забележа и 13. асистенции. Во Лигата на шампионите одигра седум натпревари и постигна пет гола, а за ПСЖ оваа сезона постигна вкупно осум гола.

ПСЖ моментално има 16 бода повеќе од второпласираниот Марсеј, што значи дека ниту математички големиот ривал на Парижаните не може да стигне до првото место и дека прашањето за шампионот е веќе решено.
Со оваа титула ПСЖ се израмни со Сент Етјен и Марсеј, кои имаат по 10. пехари на првак на Франција.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …