Реакциите на филмот од 2015. година, кој неодамна пристигна на Нетфликс, го преплавија интернетот, при што многу гледачи се согласија дека тоа е нешто „највознемирувачко“ што го виделе досега.
„Cleveland Abduction“ или „Киднапирањето во Кливленд“ е криминална драма заснована на вистинска приказна за злогласните киднапирања на Ариел Кастро кои започнале во раните 2000-ти.
Филмот ја следи Мишел Најт (Тарин Менинг) која исчезнача на 23. август 2002. година откако ја напуштила куќата на нејзината роднина. Тогаш 21-годишната Мишел, Кастро ја намамил во автомобилот нудејќи ѝ превоз. Така, таа станала првата од трите жртви кои Кастро ги затворил во својот дом во Кливленд каде што поминала 11. години.
„Киднапираната и затворена Мишел Најт наоѓа волја да преживее во услови на најстрашни и потресни околности“, се вели во синопсисот на Нетфликс на филмот кој шокираше многумина.
Бидејќи неодамна беше додаден на споменатата платформа за стриминг, многу гледачи имаа можност за прв пат да го погледнат, а реакциите не престануваат да доаѓаат.
I just watched Cleveland Abduction on @NetflixANZ, and it just broke me! So disturbing, so raw, and so painful to watch… But a must-watch! The fact it's based on a true story shows how there are real monsters in this world 😡 [8/10] pic.twitter.com/KZm2yGB7lD
— Jo 👩🏻🦱📚 (@joharasb) April 20, 2022
„Овој филм само ме скрши! Толку вознемирувачки, суров и толку болен за гледање… Но, мора да го гледате! Фактот дека е заснован на вистинска приказна покажува дека постојат вистински чудовишта на овој свет”, напишал еден корисник.
„Ова е веројатно највознемирувачкиот филм што сум го гледал во целиот мој живот“, заклучил друг корисник.
Имало и такви на кои им беше нереално тоа што некои дури сега слушаат за филм кој излезе пред неколку години.
„Шокиран сум што луѓето дури сега дознаваат за ‘Киднапирањето во Кливленд’. Не само што е филм за цел живот, туку сето тоа се случило во реалниот живот. Успеав да го гледам само еднаш“, заклучил еден корисник.
Најмладата жртва имала 14 години
Втората жртва на Кастро била 17-годишната Аманда Бери, која ја киднапирал во април 2003. година, а една година подоцна и најмладата, 14-годишната Џина ДеЏесус.
Трите жени се спријателиле под страшни околности, а Бери, која имала и ќерка во заробеништво со Кастро, успеала да побегне во 2013. година. Потоа контактирала со полицијата која ги спасила другите жртви и го уапсила Кастро.
Кастро, кој имал 52 години во моментот на апсењето, на крајот бил осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување. И покрај казната, девијантниот криминалец се самоубил во затворската ќелија, само еден месец откако бил прогласен за виновен.
Фото: Принтскрин/YouTube