(СПИСОК) Ова се НАМИРНИЦИТЕ кои можете да ги јадете кога сакате и нема да се здебелите!

Иако едно од најважните правила за време на диетата е да не јадете навечер, постојат намирници кои нема да влијаат на губењето килограми дури и ако ги консумирате после осум часот навечер.
Имено, најважното правило е да ја изберете храната што ја јадете, а не часовите. Еве неколку намирници кои можете да ги консумирате во доцните часови без страв дека од нив ќе се здебелите.

Млеко
Млекото само по себе не содржи многу калории, па затоа е одлично за доцните часови. Содржи триптофан, амино киселина која може да ви помогне да заспиете побрзо – триптофанот е одговорен за зголемување на производството на серотонин во телото (поголемите количини на серотонин ве прават поспани). Како дополнителен бонус, калциумот и витаминот Д кои ги содржи млекото може да ви помогнат да го подобрите здравјето на коските.

loading...

Јатки
Богати се со антиоксиданси и се одличен избор за доцните часови, бидејќи можат да ви помогнат побрзо да заспиете. Сепак, не треба да претерувате – доволна е половина шака (се што е повеќе од тоа може да има негативен ефект).

Зеленчук
Ова можеби не е најзадоволувачкиот доцен оброк, но имајте на ум дека навечер треба да јадете што е можно полесен оброк и дека целта не е да се најадете, туку да го „излажете“ желудникот. Така, кога станува збор за доцниот оброк (дури и раната вечера), експертите препорачуваат да се свртите кон зеленчукот. И, не треба да се грижите за тоа колку ќе јадете, бидејќи содржи многу малку калории.


This image has an empty alt attribute; its file name is ovosje-i-zelencuk-za-dekemvri.jpg

Мисирка
Протеините со малку маснотии не се само камен-темелник за мускулите, туку се и одличен начин да се чувствувате сити подолго време без да ја „проширите“ половината. Изворите на месо со малку маснотии содржат помалку калории, па ако огладнете во доцните часови, нема да погрешите ако вашиот избор е мисирка или дури и сирење со малку маснотии.


Интегрални житарки
Како и млекото, храната богата со јаглехидрати помага да се зголеми триптофанот во телото. Сепак, бидете внимателни: преработените јаглехидрати, како што се тестенините, белиот леб или чипсот, предизвикуваат ненадеен скок на шеќерот во крвта, што може да го направи вашиот сон помалку мирен и спокоен. Сепак, интегралните житарки имаат спротивен ефект, како на вашиот сон, така и на обемот на половината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Вознемирувачко видео) СТРАВ ОД БОИШТЕ – Герашченко сподели видео во кое млад Русин му ја скрши ногата на својот пријател за да избегне мобилизација

За многу Руси, одлуката на Кремљ да повика 300.000 воени резервисти за војната во Украина …