(ФОТО) ТЕЖОК ЖИВОТ – Сите животни трагедии на Џорџина Родригез

Џорџина Родригез е жена која денес како партнерка на еден од најпознатите и најбогатите фудбалери во светот Кристијано Роналдо ужива во незамислив луксуз. Но, за жал, судбината не и дозволила да избегне несреќи во животот …
Познатата двојка неодамна објави вест во која откри дека останала без едно од новородените близнаци. Според странските медиуми, нивниот син починал веднаш по породувањето, а како што е познато преживеаното девојче е во добра состојба.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


„Со најдлабока тага ја објавуваме веста за смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа“, велат шокираните Џорџина и Кристијано во изјавата што ја споделија на социјалните мрежи.
Тешко е да се замисли низ што моментално минува Џорџина, а ова не е прва трагедија што и се случува. Малку е познато дека таа немала лесно детство. Таа е родена во 1994. година во Аргентина, но пораснала во северниот дел на Шпанија. Нејзиниот татко Хорхе, кој починал во 2019. година, бил поранешен фудбалер кој одлежал десет години затвор за дилање дрога, па малата Џорџина и нејзината постара сестра Ивана останале сами со својата мајка.



За да се спаси од мизеријата, Џорџина се обидела да стане професионална балерина, но не успеала, бидејќи нејзиното тело почнало брзо да се развива. Во тоа време сакала да студира моден дизајн, но парите биле пречка за таа желба. И тогаш, во 2011. година, следеле голема трагедија – нејзината мајка загинала во сообраќајна несреќа. За Џорџина немало пауза, па откако работела како келнерка во локален ресторан, заминала во Англија да биде чистачка и дадилка.



Се вратила во Шпанија со познавање на англиски јазик, диплома и искуство и се преселила во Мадрид, но пари сепак и требале. Конечно се вработила во продавницата на Гучи. Иако хејтерите истакнуваат дека таа била продавачка, Џорџина секогаш инсистирала да биде асистент при пазарење. Се додека нејзиниот принц на бел коњ не влегол во продавницата.
„Веднаш ме погоди нејзината убавина и тело“, изјавил во една прилика фудбалерот, додека таа признала дека била многу срамежлива и треперела пред него. Останатото е историја.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Почина популарниот јутјубер Technoblade. Имаше 23 години!

Почина Technoblade, Јутјубер кој имаше 11. милиони претплатници на својот канал благодарение на видеата на …