Македонскиот минатогодишен евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, ја живее војата бајка…
По престојот во Македонија тој пред неколку месеци замина за Чикаго, САД…
И, ако може да се суди по неговите објави на Инстаграм – активен е, настапува, подготвува албум а утре, 22.април, ќе го промовира првиот сингл од албумот „Porcelain Soldier“, кој, како што најавува ќе има сосема нов звук…
Но, новиот албум не е единственото што го најавува Васил. Последната објава како да укажува и на нешто повеќе, односно, на неговиот љубовен статус.
View this post on Instagram
Утрово, тој на Фејсбук објави интесесна фотографија на која се покажува рака како држи кутија во која најверојатно има накит. „Те сакам“, стои до сликата. „Небото е полно со ѕвезди, но јас гледам само една“, напишал пејачот на англиски јазик, по што неговите пријатели почнале да му честитаат.
View this post on Instagram
Васил се уште не бил подготвен да зборува за својата објава, односно детално да ја објаснува, но ветил дека наскоро се ќе објави, пишува „Женски магазин“
Инаку, тој во Чикаго замина во септември минатата година, и во моментов го снима својот албум на англиски јазик.
-Го снимам албумот време “Porcelain Soldier” војник од порцелан – нов звук – поп, инспириран од латино ритамот, измешан со балкански вкус. Од утре почнувам со песни речиси секој месец. Имам настапи до 13. јуни па ќе дојдам во Македонија до август, и пак се враќам назад за настап овде на 6. август“, раскажал Васил од Америка.
View this post on Instagram
Гарванлиев, во интервју за британскиот магазин „Attitude“ минатата година, изјави дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.
– Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј или било што од тоа. Повеќето членови на ЛГБТИ заедницата кај нас и денес се кријат. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малтретирање. Како уметници, ние сме одговорни да ја зборуваме вистината – особено ако сум ја пробал слободата, а сум го сторил тоа“, рекол Гарванлиев во интервјуто.
Фото: Принтскрин/Instagram