Боење јајца со лимонтус – Велигденски хит во најава

Секоја година откриваме некој нов супер трик за украсување велигденски јајца, а судејќи според пребарувањата на Гугл, оваа година бојадисувањето со лимонтус е тренд во најава.
Доколку сакате јајцата во велигденската корпа оваа година да бидат уникатни и да имаат посебен дезен, а сакате да избегнете неред и да заштедите време, се чини дека бојадисувањето јајца со лимонтус е нешто што треба да го пробате.
Потребно е во вода на собна температура да се стави полна лажица ломонтус (лимонска киселина). Убаво промешајте, па сипете вода во шерпата и додадете 7. бели јајца. Јајцата се ставаат на средна температура да се варат, а кога водата ќе зоврие варете уште 10 минути.
Разматете ја саканата боја за јајца во чаша вода и додадете една лажица алкохолен оцет. Промешајте да се соедини, па додадете едно јајце. Со лажица поливајте го јајцето од бојата – додека не ја добиете нијансата што ја сакате.
Извадете го јајцето од бојата на салфетка да се исуши. По 5 минути ќе добие песоклив изглед поради лимонската киселина, дезенот ќе ве изненади. Ако ја примените оваа техника, не мора да ги декорирате јајцата, бидејќи тие навистина ќе бидат уникатно украсени.

Фото: Принтскрин/YouTube/КУЛИНАРУС


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за понеделник, 04.07.2022: Подобро е да го задржите тоа што го имате отколку да гледате во насока на личност која изгледа премногу провокативно…

Овен Љубов: Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение да преовладува во …