Вечерва (недела) со почеток од 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе се игра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во 2023. година помеѓу репрезентациите на Македонија и Чешка.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека нема повеќе карти за мечот, односно се очекува околу 7.000 гледачи да присуствуваат на трибините.
На денот на натпреварот вратите од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35 часот, натпреварот започнува во 19:00 часот.
Доколку не сте набавиле влезници натпреварот ќе можете да го проследите со директен пренос на МТВ 1.
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, и еден од најдобрите централни бекови, Филип Миркуловски, вечерва ќе ги имаат своите последни репрезентативни настапи.
Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција која ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023.
На првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24, иако во почетните минути од второто полувреме македонските ракометари имаа седум голови предност.
Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот. Сите билети се распродадени па се очекува огромна поддршка од трибините за македонските ракометари.