ВЕРНИЦИТЕ на Римокатоличката црква и другите западни цркви денеска празнуваат.
Велигден е најголемиот христијански празник бидејќи суштината на христијанското учење го означува Христовото воскресение од мртвите, како победа на верата и животот над смртта.
Според христијанското верување, Христос воскреснал на третиот ден по неговата смрт. Според евангелијата, настанот се случил на гробот на Исус, а радосната вест им била дадена на жените мироносици, рекол архангел Гаврил.
– А неговото лицето му беше како гром, а облеката како снег – напишал евангелистот Матеј, опишувајќи го архангелот Гаврил како седи на „надгробната плоча“ и покажувајќи кон празен гроб.
Обичај е верниците на велигденската миса да носат велигденски јајца и храна, кои потоа свештеникот ги благословува.
На сите припадници од Католичка вероисповест му го честитаме Велигден и им посакуваме многу среќа и здравје!