(ВИДЕО) Толку пожелна и толку негова: Плати 700.000 долари и ќе ја допираш секој ден!

Гитарата што направи револуција на рок звукот ќе биде продадена, а парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Легендарниот фронтмен на Нирвана, Курт Кобејн, ја сними песната „Smells Like Teen Spirit“ во 1991. година, а гитарата што ја имаше во спотот сега се продава на аукција, пишува CNN. Видеото има повеќе од 1,4 милијарди прегледи на YouTube, а неговиот син „Fender“ од 1969. година стана еден од најпознатите инструменти.
„Ова е една од најпознатите гитари што некогаш се појавиле на аукција, сината гитара Mustang Fender, една од омилените гитари на Курт Кобејн“, рекол Мартин Нолан, директор на аукциската куќа Julien.
Нолан додал дека со гитарата одат и придружни делови кои ги користел и Курт.
„Гитарата доаѓа со оригинална кутија и ремен за гитара, па затоа е навистина важно колекционерите кога ќе дојдат на аукцијата да се уверат дека инструментот е оригинален“.


Аукцијата е најавена за мај, во Њујорк, а гитарата на Кобејн е исто така најпознатата ставка на аукцијата.
Нолан тврди дека гитарата би можела да достигне цена од над 700.000 долари, но и дека тоа е „многу конзервативна проценка“ и дека сите опции се во игра.
Дел од парите што куќата ќе ги заработи на гитарата ќе ги донира на хуманитарни организации, а покрај нив на аукцијата ќе бидат понудени и дел од фотографиите на Курт.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Парко 2047 фестивал

Иднината започнува сега! „Парко.𝟐𝟎𝟒𝟕“ е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа …