(ВИДЕО) Сегашниот дечко го снимила на телефон пред официјално да се запознаат: Им било судено!

Оваа приказна може слободно да се спореди со романси од бајките, но она што ја прави уште подобра е фактот дека тоа е вистински живот.
Обожавателката на Дизниленд, Аниса Мартинез (22) од Калифорнија, САД, го запознала своето сегашно момче Нејтан Хатон (28) преку Инстаграм во 2020. година, кога тој и испратил порака. Двојката брзо се поврзала поради љубовта кон Дизни и полека стапиле во врска во раните денови на пандемијата.
Но, шест месеци по нивната романса, студентката забележала дека тие еднаш веќе комуницирале – на парадата во Дизниленд, на која присуствувала со своето семејство.
Таа го прелистувала телефонот кога наишла на видео од парадата, на кое се гледа како Нејтан во улога на изведувач и мафнал за време на настанот. „Навистина никогаш не помислив дека ќе го најдам мојот принц на бел коњ, но Нејтан е подобар од која било бајка што можам да ја замислам“, изјавила Аниса.

„Еден ден ми беше досадно и решив да прегледам стара снимка од Дизниленд и забележав дека имам видео од 2019 година на кое се гледа Нејтан. Јасно се сеќавам дека бев целосно шокирана кога сфатив кој е во улогата на кочијаш на снимката! Гледањето ја парадата отсекогаш ми беше омилена активност во Дизниленд, а наоѓањето на ова видео го прави непроценливо“.
„Секогаш им мавтам на изведувачите, но фактот што ме забележа во толку голема толпа ме направи да се чувствувам посебно. Тоа е мојот омилен спомен од Дизниленд. Му го покажав на Нејтан и тој беше многу изненаден. Кога го прашав зошто ја накривил шапката таа вечер и ме поздрави ми рече дека нешто во мене му го привлекло вниманието“.
„Тој е убеден дека едноставно ни е судено. Љубовта има смешен начин да те најде кога најмалку очекуваш”, рекла Аниса.

loading...

Минатиот месец таа ја објави нивната бајка на TikTok, каде видеото собра повеќе од 277.000 прегледи, а фановите не можат да се наситат од нивната романтична приказна.
Аниса била воодушевена од љубезноста на луѓето: „Мислев дека ова видео ќе допре само до неколку стотици луѓе, па беше голем шок кога толку многу луѓе ја видоа нашата приказна“.

@anyssatano 100% #whatdreamsaremadeof ✨ @nathan.hatton1 @disneyparks ♬ BRENT MORGAN What Dreams Are Made Of – Brent Morgan


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …