(ВИДЕО+ФОТО) МЕГАН МАРКЛ ПРЕД КАМЕРИТЕ НАПРАВИЛА НЕШТО ШОКАНТНО: Успеала да ја именува и кралицата Елизабета, а вака поминала средбата со Чарлс!

Меган Маркл и принцот Хари по две години се вратија во Европа, а причината е отворањето на „Invictus Games“ во Хаг, а тоа се игри наменети за ранети војници и ветерани, чиј основач е Хари.

View this post on Instagram

A post shared by Prince Harry (Info) (@harry.dukeofsussex)


Војводата и војвотката од Сасекс навиваа од публиката, а парот имал места во првиот ред за настанот. Хари одржал говор пред повеќе од 500 натпреварувачи од 20 земји.


На отворањето на Игрите, Меган Маркл суптилно ја „боцнала“ кралицата Елизабета за време на нејзиниот говор и истакнала дека сите натпреварувачи добро знаат што значи да се служи на народот. Тоа било повикување на изјавата на кралицата откако Маркл и принцот Хари поднесоа оставки во 2020. година.

Меган проговорила за нејзината љубов и почит кон Хари, а ги споменала и нивните две деца, синот Арчи и ќерката Лилибет, кои не отишле на патување со нив, туку останале дома во Монтесито, Калифорнија.
„Ви благодарам на сите што му служите на народот и ви благодарам на вашите семејства и пријатели кои ве поддржуваат цело време. Затоа што ова е услуга за луѓето, ова е посветеност и ова е семејството Invictus“, рекла Меган на церемонијата на отворање.

Кога Меган и Хари се повлекоа од кралскиот живот, кралицата рекла дека двојката нема да продолжи со одговорностите и должностите кои доаѓаат со животот на јавна служба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …