ВАЗЕЛИН: Магичен препарат со 101 НАМЕНА – од нега на кожа до нега на мебел!

Вазелинот е маст која е многу корисна и многу евтина и достапна во секоја аптека! Секоја куќа треба да го има овој препарат, а дознајте зошто!
Употребата на вазелин обично се поврзува со козметиката, но има и други намени од кои некои сигурно ќе ве изненадат, како нега на коса или способност чевлите да се направат водоотпорни! Вазелинот секојдневно открива нови намени, а ние ќе ви претставиме неколку проверени и докажани.
Од што се прави вазелинот?
Вазелинот е петролеум гел и е исклучително масна супстанца која нема мирис, боја или вкус кога е рафиниран, т.е. исчистен. Не се раствора во вода и не оксидира на воздух. Овој гел создава одреден тип на заштитна, мрсна фолија на површината на кожата и на тој начин го спречува испарувањето на влагата.

За што се користи вазелинот?
Вазелинот во служба на убавината се користи за брчки, како маска за лице, за подолги и поубави трепки, како и универзална алатка во домот, за нега на тело, лице и коса и за безброј други намени!


This image has an empty alt attribute; its file name is vazelin-1.jpg

ТРЕПКИ – Нанесете вазелин на трепките доколку сакате да изгледаат погусти и подолги.
НЕГА НА СТАПАЛА – Ако сакате вашите стапала да бидат меки и нежни, нанесете малку вазелин
НЕГА НА ЛАКТОВИ – Ако лактите ви се ронливи, нанесете малку вазелин.
КУТИКУЛИ – Дали имате кутикули? Без грижи! Нанесете вазелин на деловите околу ноктот
ИСПУКАНИ УСНИ – Вазелинот се користи и како лек против испукани усни. Наместо лабело или гроздова маст, овој производ се покажал како многу ефикасен бидејќи обезбедува заштита од ветер и студ.
ХИДРАТАЦИЈА НА ЛИЦЕТО – Овој гел не ги затвора порите на лицето, па можете да го користите за хидратација на кожата, доколку имате екстремно сува кожа. Не се препорачува за мрсна кожа.
ПИЛИНГ – Најдобриот гел за пилинг се добива кога ќе измешате вазелин и морска сол и ќе го намачкате на деловите од телото кои сакате да ги третирате, без разлика дали се работи за телото или лицето. Кожата после пилингот ќе ви биде чиста и сјајна.
УБАВИ ЗАБИ – Одличен трик за блескава насмевка е да ги намачкате забите со вазелин крем и тоа од повеќе причини. Едната е забите да добијат убав сјај, да не се лепат за усните и да изгледаат беспрекорно чисто и сјајно.Исто така, кога имате кармин на усните ставете малку вазелин на забите и тогаш карминот нема да се залепи за забите.
МАСАЖА – За добра масажа и најдобро кршење на јазлите, претходно подмачкајте ги деловите од телото со овој гел.


This image has an empty alt attribute; its file name is vazelin-2.jpg
СТАВАЊЕ ОБЕТКИ – Вазелинот е одличен за најбезболно и најпрактично ставање на сите видови обетки на сите делови од телото! Најпрво подмачкајте ги со вазелин за подобро поминување низ кожата.
ЗА ИРИТИРАНА КОЖА – Доколку имате иритирана кожа после бричење, слободно ставете малку вазелин на тој дел од кожата и ќе се смири.
ЗА ДОЛГ МИРИС НА ПАРФЕМОТ – Ако имате навика да прскате малку парфем на зглобот, тогаш ставете тенок слој вазелин над него и мирисот ќе трае многу подолго.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да …