(ФОТО) СРЕДБА НА ДВЕ ЛЕГЕНДИ: Прекрасниот Дојран повторно ги спои иако „лошите прилики“ ги разделија!

Одамна знаевме дека Дојран е омиленото место на Ѓоко Ѓорчев но и на Игор Џамбазов… И’, додека Игор умее со месеци да престојува во преубавиот Дојран, Ѓоко наминува најмалку еднаш неделно…А, токму при една таква посета „налетал“ на Игор кој е веќе преселен во нашето најјужно излетничко место…
Пред две години, на самиот почеток на корона вирусот во Македонија Ѓоко и Игор се договараа познатиот шоумен да гостува на концертот на Ѓорчев во Домот на АРМ… Но, на сите ни е познато што се случи во меѓувреме и „невремето“ ги раздели овие двајца добри пријатели…
Но, до вчера, кога се сретнале во Дојран.

loading...

„Ме радува кога убави работи ќе се случат така, непланирано. Сосема случајно налетавме еден на друг со Игор во Дојран, нашиот бисер на природата каде јас сум чест гостин, а исто и тој ужива во убавините на езерото.
Ова беше убава средба и дружба на стари пријатели, по сите лоши работи кои ни се случија изминатиот период. Игор го изгуби својот татко, маестро Александар Џамбазов, јас се борев со корона вирусот, тешко го поминав…
Ги вративме спомените на минатото, имаме непресушен муабет, и ова е тоа, како што се вели, кога по секое лошо доаѓа добро. Кога по време минато со лоши работи, на крај пријателствата продолжуваат, животот продолжува!“, ни рече Ѓоко Ѓорчев.
Освен што малку „седнале“ и дегустирале дојранска риба, вината на „Бовин“, на муабетот му немало крај и веднаш биле направени нови договори.
Игор ќе биде гостин на претстојниот концерт на Ѓоко во Неготино, а Ѓорчев ќе гостува на настапите на Џамбазов.
Ѓоко, како и секој добар познавач на приватните прилики на Игор го прашал за Илина и дознал дека таа е на едно од нејзините „искачувања“, но и двајцата се надеваат дека на следната средба ќе биде присутна и придружничката на Игор.
Така минала првата средба по две години помеѓу Игор и Ѓоко а нам ни останува да ги очекуваме нивните нови средби но и настапи бидејќи кога ќе се спојат две легенди потврдени во своите бранши тука нема промашување туку само уживање.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …