(ВИДЕО) БОЛИ ОД ЕМОЦИИ: Ѓоко Ѓорчев го промовираше видеото за „ILL NEVER FALL IN LOVE AGAIN“!

„Драги мои пријатели и фанови денес со големо задоволство го објавувам видео записот на големиот евергрин #ILL #NEVER #FALL #IN #LOVE #AGEIN песна на легендарниот Том Џонс. Во овој спот нема луди коли нема раскошни хотели и преубави девојки, ме има само мене мојот микрофон и една сцена и ништо друго, но има преубава песна отпеана со многу љубов со многу емоцији и посебно ми значи бидејќи е посветена на Киро Богевски и на винарија Бовин. Благодарам до Центарот за култура Неготино , фабриката КИМ и винарија БОВИН, до мојот пријател Филип Стевановски и FIS PRODUCTION
Уживајте во песната и спотот ви посакувам убав викенд! Ве сака и почитува ваш Ѓоле!“

loading...

Тоа го напиша Ѓоко Ѓорчев во најавата за неговиот нов спот за една од неговите омилени песни „ILL NEVER FALL IN LOVE AGAIN“, оригинално изведена од Том Џонс…
Но, она што воодушевува, не бидејќи Ѓоко го напиша тоа е дека имате едноставен спот,  а едноставноста е – само пејачот на бина, микрофон и еден тон емоциии – како во неговата изведба така и во спотот…Секоја негова емоција проследена со нежно движење на раката, или енергично потврдување дека „никогаш нема повторно не ќе се заљуби“ уште еднаш го покажуваа беспрекорниот гласовен „багаж“ на Ѓоко Ѓорчев“ за кој веќе долги години е признаен.

This image has an empty alt attribute; its file name is gjoko-spot-1-1.jpg
Она што плени е што кога ќе почнете да го гледате спотот едноставно не можете да се одвоите од екранот – а гледате само човек кој пее – бидејќи беспрекорната интерпретација и тонот од емоции кои ги донесува Ѓорчев едноставно ве прилепуваат за видеото и сакате повторно и повторно да го слушате и гледате…


This image has an empty alt attribute; its file name is gjoko-spot-5.jpg
Во овој спот, осмислен од Филип Стевановски и „Фис продукција“ ништо, ама ништо не фали. Има се, а тоа се го донесува Ѓоко Ѓорчев… И, верувајте ни, неговата изведба на овој евергин сигурно ќе ве наврати на некои дамнешни загубени љубови за кои сеуште имате грутка во градите!

Фото: Принтскрин/YouTube


Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …