Ова е најдобриот леб за намалување на шеќерот во крвта, вели диететичарка

АКО ви е дијагностициран дијабетес или преддијабетична состојба, не постои причина зошто не треба да продолжите да уживате во вкусна храна додека се обидувате да го намалите шеќерот во крвта. Некои луѓе претпоставуваат дека мора да се откажат од се што е вкусно, но тоа не е точно. На пример, постојат и видови леб кои можат да ви помогнат да го контролирате шеќерот во крвта.
Според диететичарот Кортни Д’Анџело, најдобриот леб за намалување на шеќерот во крвта е 100 отсто леб од цели зрна. Таквиот леб е богат со влакна и хранливи материи, за разлика од стандардниот бел леб.
„Кога станува збор за избегнување на скокови на шеќерот во крвта, влакната се ваш најдобар пријател бидејќи помагаат во забавување на апсорпцијата на шеќерот, помагаат во подобрување на цревните бактерии и можат да ви помогнат да се чувствувате сити подолго време“, објаснила таа.
Ако сакате да го намалите или контролирате шеќерот во крвта, корисно е да ја ограничите потрошувачката на рафинирани и преработени јаглехидрати. Кога јадете големи количини на преработени јаглехидрати, вашето тело брзо ги разградува на гликоза, која влегува во крвотокот и може да го зголеми нивото на шеќер во крвта.

This image has an empty alt attribute; its file name is integralen-leb.jpg

loading...

Ова може да биде проблем за оние со дијабетес или преддијабетес бидејќи нивните тела се борат со правилното производство на инсулин, а инсулинот е тој што помага да се апсорбира гликозата од вашиот крвоток.
За среќа, интегралните житарки како овесот и јачменот всушност можат да помогнат во подобрувањето на нивото на гликоза во крвта бидејќи влакната не се апсорбираат во вашето тело и не создаваат скок на шеќерот во крвта.
Купувањето леб од цели зрна со висока содржина на овие влакнести состојки и малку рафиниран шеќер може да биде одличен начин да го контролирате шеќерот во крвта.
Според Д’Анџело, кога купувате леб, изберете ги оние на кои пишува дека е направен од целосен овес. Следното нешто на кое треба да се обрне внимание е пропорцијата на јаглени хидрати и додаден шеќер.
„Секој се разликува за тоа колку јаглехидрати му се потребни, затоа разговарајте со нутриционист или диететичар за вашите потреби“, предложила таа.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …