ТРАГЕДИЈА! ПОЗНАТ СПОРТИСТ ПОЧИНАЛ ВО ТЕРЕТАНА: Немал поим дека го прави ПОСЛЕДНИОТ ТРЕНИНГ, неговиот спорт е полн со смртни случаи

Познатиот американски бодибилдер Седрик Мекмилан починал за време на тренинг во теретана на 44-годишна возраст.
Мекмилан беше препознатливо лице на бодибилдингот, а забележителни резултати постигнуваше на бројни натпревари на кои се појавуваше.
Според медиумите во САД и организацијата Бодибилдинг, Мекмилан починал додека трчал на лента за трчање како последица на срцев удар.


Седрик работел како инструктор за физичка кондиција во Армијата на САД, а поради здравствени проблеми го одложил враќањето на натпреварувачкиот бодибилдинг.
Неодамна проговорил за проблемите кои ги имал минатата година кога едвај ја избегнал смртта.
Победникот на натпреварот „Арнолд Класик“ од 2017. година, во декември 2021. година, имал отежнато дишење откако заболел од корона вирусот. Поради лошата состојба тој завршил во болница со тешко воспаление на белите дробови.

Тој решил да му се врати на спортот, но за жал срцето не издржа.
– Почивај во мир. Многу сме тажни што мораме да објавиме дека Седрик почина на 44-годишна возраст – се наведува на Твитер профилот на „Железната генерација“.

За жал, здравствените проблеми во бодибилдингот се чести. Седрик Мекмилан е еден од тројцата топ 10. бодибилдери во светот кои починале за краток временски период, а според веб-страницата „heartwise.com“, најмалку 15. професионални бодибилдери кои се натпреварувале на највисоко ниво починале во 2021. година.
Причината за повеќето смртни случаи во овој спорт се срцевите удари.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …