Жолчките од јајце долго време се „на обвинителна клупа“ поради холестеролот, но научниците сега се фокусираат на холинот, хранлива состојка која го штити црниот дроб и може да помогне во спречување на Алцхајмерова болест.
Ако јадете по едно јајце секој ден, ова се здравствените придобивки што можете да ги очекувате.
1. Губење на масни наслаги
Ако сакате да ослабете, јајце за појадок е добар избор, особено со салата од свеж зеленчук. Ова го докажала студијата објавена во International Journal of Obesity. Два месеци, една група на луѓе јадела две јајца за појадок, а друга пецива кои содржеле иста количина на калории.
Луѓето кои јаделе јајца полесно ги губеле мастите и побрзо добивале потенок струк.
2. Намалување на нивото на воспаление
Јајцата се важен извор на фосфолипиди, биоактивни соединенија кои позитивно влијаат на воспалението. Истражувачите го поврзуваат внесот на фосфолипиди од јајцата и холинот со намалување на воспалителните биомаркери.
Намалувањето на воспалението го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, но ја подобрува и способноста на телото да ги разградува мастите.