Возачот на Ферари, Шарл Леклер, триумфираше на Големата награда на Австралија, третата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, после водството од стартот па до целта.
Монегаскиецот на враќањето на „Алберт парк“ по тригодишна пауза стигна до втората победа сезонава, а четврта во кариерата, плус со бод за најбрз круг. Леклер ја мина целта со 20. секунди предност пред Серхио Перез во болидот на Ред Бул, додека возачот на Мерцедес Џорџ Расел беше на третото скалило на подиумот, пред тимскиот колега Луис Хамилтон.
И’ третата трка сезонава ја одбележа откажувањето на бранителот на титулата Макс Ферстапен, исто како и во Бахреин поради дефект на болидот, во моментот кога беше на второто место.
No caption needed 😍#essereFerrari 🔴 #AusGP pic.twitter.com/kKJLiSmg2J
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) April 10, 2022
Во Мелбурн беше забележано исклучително издание на Леклер, кој изгледаше недопирливо во текот на целата трка, која беше трипати забавена. Ферстапен беше најблиску до возачот на Ферари во поголемиот дел од трката, но остана без бодови бидејќи во 39-от круг мораше да паркира покрај патеката. Ова предизвика период на виртуелни безбедносни возила, бидејќи во претходната фаза од трката, она вистинското двапати излегуваше на патеката – прво поради излетувањето на Карлос Саинс Јуниор, а потоа свртувањето на патеката на Себастијан Фетел, по што и двајцата се откажаа.
You might call it lucky, but we call it a solid and worthy drive @GeorgeRussell63! 👊💫#AusGP #F1 @MercedesAMGF1 pic.twitter.com/OwL84qFYy1
— Formula 1 (@F1) April 10, 2022
Забавувањето на трката во три наврати воопшто не го погоди Леклер, но и Перез, кој го наследи второто место откако се откажа неговиот тимски колега. Расел, пак, профитираше од второто излегување на безбедносното возило на патеката, бидејќи тогаш отиде во бокс и така напредуваше. На тој начин стигна до првиот подиум во Мерцедес и може да се каже дека е првиот вистински во кариерата, откако последен пат на подиумот беше лани во Белгија, каде возеше два круга зад безбедносното возило.
На самиот крај Хамилтон во одредени моменти беше блиску да го нападне својот тимски колега, но на крајот двајцата ги делеа три секунди. Петтото место на „Алберт Парк“ го зазеде возачот на Мекларен, Ландо Норис, пред миленикот на домашната публика Даниел Рикардо, Естебан Окон во болидот на Алпин и возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас. Најдобрите десет, а воедно и освојувачите на бодовите ги комплетираа Пјер Гасли во болидот на Алфа Таури и возачот на Вилијамс, Алекс Албон, кој имаше херојска трка бидејќи во последниот круг отиде да ги менува гумите. Всушност, Британецот загуби минимално бидејќи тоа го направи токму кога Леклер мина низ целта и на тој начин го постигна својот прв поен во сезоната.
Во генералниот пласман сега води Леклер со 71 бод, следен од Расел со 37, додека Саинс е трет со 33.
TEAM STANDINGS 📊
Ferrari remains at the top, whilst Mercedes takes a 🔟 point lead over Red Bull 👀#AusGP #F1 pic.twitter.com/28uJiFnbLH
— Formula 1 (@F1) April 10, 2022
Следната трка од шампионатот во Формула 1 ќе се вози за Големата награда на Емилија Ромања во Имола на 24 април, со директни преноси на Sport Club HD
Фото: Принтскрин/Twitter