(ВИДЕО) СНИМКА КОЈА „ЈА КИНЕ ДУШАТА“: Еве како изгледа кога ЏЕЈ РАМАДАНОВСКИ и ТОШЕ ПРОЕСКИ „ќе ги вкрстат“ гласовите!

Видео кое многумина растажило…
Тоше Проески и Џеј Рамадановски пред неполни 15. години заедно гостувале во една од најпопуларните емисии на тогашната розова телевизија.
И двајцата изведувачи беа посебни на свој начин, а зад себе оставија безброј хитови поради кои секогаш ќе живеат во сите нас.
Тоше тогаш решил да ја отпее македонската „химна“ како што многумина ја нарекуваат, песната „Зајди, зајди“. Џеј, кој не сакал да му суфлиеа, бидејќи го сметал Тоше Проески за еден од најдобрите пејачи на Балканот, решил да му помогне имитирајќи звук на труба. Овој момент во студиото за малку ќе ги расплачел сите гости, меѓу кои во тоа време била и Цеца Ражнатовиќ.


Да потсетиме, Тоше Проески трагично го загуби животот на 25-годишна возраст, во сообраќајна несреќа на 16. октомври 2007. година. Џеј ненадејно почина на 6. декември 2020. година, како последица на срцев удар на 56-годишна возраст.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …