(ВИДЕО) ПРЕКРАСНА СЦЕНА – Голман во Италија во 91. минута преку цел терен постигнал гол и го одвел тимот во повисок ранг

Неверојатна сцена се случила синоќа во Италија каде голманот на Модена, Рикардо Ганјо, му донел голема победа на својот тим со гол во продолжението.
Погодок на голман не е нешто што не го гледаме во светот на фудбалот, иако тие се ретки. Сепак, она што го видовме синоќа во Модена е вистинска бајка.
Тимот се доближил до пласман во Серија Б благодарение на чудесниот гол на голманот Рикардо Ганјо во последните секунди од натпреварот. Чуварот на мрежата донел победа од 2:1 над Имолезе.
Ганјо сакал да ја шутира топката од својот гол, што поблиску до противничкиот петерец за тимот да стигне до толку важна победа.
Сепак, топката незгодно се отскокнала и го измамила колегата од спротивната страна, кој за волја на вистината не реагирал баш најдобро. Топката завршила во мрежата.


Тоа донело ерупција од воиодушевување на стадионот „Алберто Браља“ во Модена, каде домаќинот наскоро ќе ја прослави промоцијата во Серија Б.
Модена сега има четири бода повеќе од второпласираната Реџиана, а до крајот остануваат само две кола. Јасно е дека овој гол на голманот скоро го однел тимот во повисок ранг.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАТПРЕВАРИ ВО 16 И 20 ЧАСОТ – Осминафинале на Мундијалот: Французите апсолутни фаворити против Полјаците, Сенегалците се надеваат на чудо против Англичаните

Денеска се закажани два нови натпревари од осминафиналето на Светското првенство во Катар. Откако вчера …