(ВИДЕО+ФОТО) НОВ СКАНДАЛ ЗА ПОРТУГАЛЕЦОТ – По поразот Роналдо удрил момче со аутизам по рака и му го скршил мобилниот телефон

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО се најде во центарот на скандал по вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од Евертон во Премиершипот, а сето тоа поради она што го направи кога го напушти теренот и одел кон соблекувалната. Едно момче ги снимило сите играчи на Јунајтед додека одат кон соблекувалната, исто како и многу фанови околу него, а потоа Роналдо го шокирал со потегот.

Португалскиот фудбалер, очигледно бесен од поразот, го видел мобилниот телефон и го удрил момчето по раката со која го држел. Мобилниот телефон паднал на земја и се скршил, оставајќи го момчето со модринка и десетици шокирани обожаватели околу него. Многу брзо по натпреварот беше откриена приказната од снимањето на момчето на играчите на Јунајтед, а со тоа и размерите на скандалот во кој се вплетка Роналдо.


This image has an empty alt attribute; its file name is ronaldo-skandal.jpg

Мајката на момчето дала изјава за Liverpool Echo набргу по мечот, откривајќи дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова е прв натпревар во неговиот живот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него, што вклучувало и враќање на играчите на Јунајтед во соблекувалната.

This image has an empty alt attribute; its file name is autisticno-momce.jpg

„На крајот од натпреварот играчите на Манчестер Јунајтед отидоа во соблекувалните. Имавме билети за седишта веднаш до тунелот, па мојот син реши да ги снима играчите. Ги сними сите, а потоа дојде Роналдо кој ја спушти својата штуцна и покажа крвава нога, па Џејкоб го спушти мобилниот телефон за да го сними. Не кажа ниту збор, а Роналдо потоа му го истргна мобилниот од рака и само си замина“, рекла мајката и додала:
„Од модрината на раката може да се види дека имало контакт. Не можам да верувам дека зборувам за ова. Плачев, бев шокирана, Џејкоб беше шокиран, тој е аутистичен и има диспраксија, па не ‘ни свати’ целосно што се случи додека не пристигнавме дома. Тој е потресен и не сака повеќе да оди на натпревари. Ова беше неговиот прв натпревар и еве што се случува.

This image has an empty alt attribute; its file name is iskrsen-telefon.jpg

Роналдо по натпреварот се огласил на Инстаграм и му се извинил на Џејкоб, повикувајќи го да дојде и да го гледа натпреварот на Олд Трафорд на негова сметка, а полицијата во Ливерпул потврдила дека започнала истрага во координација со Јунајтед и Евертон за потегот на Роналдо.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Простување на Надал со тенисот? Мадрид или Ролан Гарос“

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал изјавил дека повеќе не се осмелува да го советува …