(ФОТО) ДЕНИС ТОТ (1995 – 2022) – Братот на починатиот ракометар: „Денис почина од срцев удар, тоа е единствената вистина!“

ХРВАТСКИОТ ракометар Денис Тот почина на 28-годишна возраст поради последици од срцева слабост. Од медиумите во регионот дојдоа разни информации за причината за смртта, а на социјалните мрежи коментираше Борис Тот, братот на Денис. „Фала многу на господата новинари за нивната ‘професионална’ работа.
Може само да се срамите од ширење дезинформации во јавноста и ширење лаги за собирање кликови. Денис почина од срцев удар, не од никакви телесни повреди, тепачки и други глупости кои се пишувале цел ден. Срамота е да се гради публицитет на туѓа несреќа“, објавил Борис Тот.

loading...

За потсетување, директорката на скопската болница „Карил“, Маја Мојсова, ги демантираше наводите за насилна смрт, а Министерството за внатрешни работи на Македонија потврди дека Тот бил донесен во болница во критична состојба поради срцев удар.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) За Леклер пол во Сингапур

Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред Големата награда на Сингапур. Возачот на Ферари заврши пред …