(ВИДЕО) Вил Смит се огласи откако Академијата му забрани пристап до Оскарите на 10. години

ВИЛ СМИТ накратко ја коментираше за Си-Ен-Ен одлуката на Академијата да му забрани пристап до сите нивни настани, вклучително и Оскарите, во следните 10. години.

Ја прифаќам и ја почитувам нивната одлука“, рекол тој.
Да потсетиме, Академијата попладнево излезе со соопштение за дисциплинската мерка донесена на седница на УО.


„Комисијата одлучи дека од 8. април 2022. година, на господинот Смит нема да му биде дозволено да присуствува на ниту еден академски настан или програма цела деценија, во живо или виртуелно, вклучувајќи ги и Оскарите. Оваа акција што ја преземаме денес е одговор на однесувањето на Вил Смит и е чекор кон целта да се заштити безбедноста на нашите изведувачи и гости и да се врати довербата во Академијата. Исто така, се надеваме дека со ова може да започне времето за опоравување за сите вклучени и погодени“.
Академијата се соочи со жестоки критики за начинот на кој се справи со инцидентот, а многумина се прашуваа зошто Смит не беше отстранет од театарот Долби откако го удри Крис Рок и пцуеше од своето место.
Во соопштението минатата недела, организацијата рекла дека Смит бил „замолен да ја напушти церемонијата, но тој одбил“. Подоцна се појавија негирање на ова тврдење, па дури и портпаролот на Смит тврдеше дека Академијата не барала такво нешто од него.


Дали на Смит ќе му се одземе Оскарот?
Академијата досега исфрлила само три лица: Харви Вајнштајн, режисерот Роман Полански и Бил Козби, но на никој од нив не им се одземени Оскарите.
Организацијата поништи само еден Оскар во својата речиси вековна историја, за документарниот филм „Млади Американци“ од 1969 година, поради неговото предвремено објавување.

Еден член на Академијата анонимно зборувал за ситуацијата за The Times.
„Се надевам дека ова ќе го затвори едно од најгрдите поглавја во историјата на организацијата. Моравме да го направиме она што мислиме дека е правилно“, заклучил тој.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Парко 2047 фестивал

Иднината започнува сега! „Парко.𝟐𝟎𝟒𝟕“ е проект на млади Битолчани, чија цел е да создадат платформа …