Шарл Леклер ќе ја има пол-позицијата на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. Втор ќе стартува Макс Ферстапен, а трет Серхио Перез. На четвртото место се најде Ландо Норис, а петти е Луис Хамилтон. Шарл Леклер имаше стабилен болид, но и возеше без грешка, а тоа го направи најдобар во квалификациите пред Големата награда на Австралија.
Шарл Леклер го имаше најбрзиот круг со време од 1:17.868, додека Макс Ферстапен беше зад него за 286 илјадити делови од секундата. Во второто заостанување се најдоа Серхио Перез и Ландо Норис, како и Луис Хамилтон, кој ги поправи сите грешки во самиот финиш од Q3 делот од квалификациите.
LECLERC TAKES POLE IN AUSTRALIA! 😍#AusGP #F1 pic.twitter.com/pNtbYC84rG
— Formula 1 (@F1) April 9, 2022
Џорџ Расел го зазеде шестото место, Даниел Рикардо седмото, Естебан Окон осмо, а Карлос Саинс деветто.
За време на Q3 делот од квалификациите, Фернандо Алонсо доживеа несреќа поради дефект на хидрауликата на неговата Алпина. Тоа предизвика да се постави црвеното знаме, а најпогоден беше Карлос Саинс. Беше во брз круг и идеален момент да го постави најдоброто време, но мораше да се оркаже од времето на 50 метри пред целта.
Alonso is out of the car and appears to be okay 👍
He had just set the fastest middle sector of all, but his crash pauses the clock with seven minutes to go #AusGP #F1 pic.twitter.com/PcmbC3dOgG
— Formula 1 (@F1) April 9, 2022
Двајцата Шпанци го извлекоа најтешкиот крај во Q3, Саинс ќе биде деветти бидејќи не успеа да го поправи времето во последното излегување и веројатно под влијание на претходната ситуација погреши во својата последна шанса. Алонсо немаше време во Q3 и заврши десетти.
Валтери Ботас беше само 12-ти во Мелбурн и ги заврши квалификациите во Q2. Катастрофа имаа и возачите на Вилијамс и Астон Мартин. Во Q1, Николас Латифи и Ленс Строл имаа контакт, а во канадската пресметка Латифи го извлече подебелиот крај што значително го оштети болидот на Вилијамс. Квалификациите во Q1 ги заврши и Алекс Албон, а поради проблеми со болидот Себастијан Фетел не можеше во Q2.
A dramatic moment at the end of Q1 😱#AusGP #F1 pic.twitter.com/vx3TthAaUH
— Formula 1 (@F1) April 9, 2022
Фото: Принтскрин/Twitter