(ФОТО) Исповед на девојка која НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАСМЕЕ: Шест пати се обидела да си го одземе животот, а потоа решила да НАПРАВИ ПРОМЕНА

Жена родена со исклучително ретка невролошка состојба која ја оневозможува насмевката, претрпела малтретирање и изолација на училиште, но сега ги инспирира другите како мотивациски говорник и ѕвезда на Инстаграм
Млада жена родена со невролошко пореметување кое погодува еден од четири милиони луѓе ги инспирира другите како ѕвезда на Инстаграм и сега нејзината „неспособност да се насмее“ ја гледа како „благослов“.

„Родена да се истакнува“
Тајла Клемент (24) од Крајстчерч во Нов Зеланд, е родена со Моебиус синдромот и цел живот го живеела не можејќи да ги движи очите лево-десно, ниту да ги крева веѓите и горната усна.
Моебиус синдромот го карактеризираат мускулите на лицето кои се користат за контрола на изразите на лицето и движењата на очите кои ослабуваат или дури делумно се парализираат. Не постои лек, но симптомите може да се лекуваат.



Бидејќи била тешко малтретирана на училиште, Тајла некогаш копнеела по „нормална насмевка“, но сега е среќна што е поинаква и верува дека е „родена за да се истакнува“.
Тајла, која има 18.400 следбеници на Инстаграм, речкла: „Не беше секогаш лесно. Поминав многу години мразејќи ја мојата насмевка, сакајќи да имам ‘нормална’ насмевка, сакајќи едноставно да не постојам затоа што тоа ми изгледаше полесно отколку да бидам жива, но по некое чудо сè уште сум тука“.
„Сега знам дека сум родена за да се истакнам. Родена сум за да направам разлика во овој свет и го знам тоа со сето мое срце. Мојот синдром и неможноста да се насмеам е најголемиот подарок што некогаш сум можела да го добијам, ми дозволи да им помогнам и инспирирам толку многу луѓе“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …