Лекција од Дамата за касиерката – но и за сите нас – „Во наше време немаше ‘зелен бран’ – тогаш сите се качувавме на автобус, момчињата користеа велосипеди или пешачеа за да одат на училиште, и не ги користеа родителите како такси…“

На Фејсбук се споделува статус кој говори за „муабет“ на една госпоѓа во години и касиерка…
Се’ започнало од една обична ќесичка за пазарење и торба, нели нееколошките ќеси беа повлечени од сите маркети…Но, се чини дека авторот (кој е непознат) на овој „монолог“ на госпоѓата сакал да пренесе друга – поважна – порака..
Подолу го пренесуваме целиот пост:
-Во редот, касиерката и кажува на една постара жена:
– Госпоѓо, морате сами да си носите торби за пазарење, бидејќи овие пластични кеси не се еколошки!
Старата дама се извини и одговори:
– Во мое време немаше таков „зелен бран“.
„Тоа е нашиот проблем денес, госпоѓо. Вашата генерација не се грижеше доволно за животната средина.
„Во право си“, рече госпоѓата. Нашата генерација не се грижеше соодветно за животната средина. Се враќаа стаклени шишиња млеко, газирани пијалаци и пиво во продавницата. Продавницата ги врати назад во фабриката, каде што беа измиени и стерилизирани пред да се користат повторно и повторно. Навистина не се грижевме за животната средина во наше време. Дури и перевме пелени за бебиња затоа што немаше за еднократна употреба. Ние сами ги сушевме, а не во електрични сушари. Овие пелени беа навистина исушени од ветер и сончева енергија.
Во наше време, ние навистина не се грижевме за состојбата на околината. Во наше време имавме само еден ТВ и едно радио дома, а не еден ТВ за секоја соба. И телевизорот имаше екран од 14 инчи, не со големина на стадион, кој кога ќе се расипе ќе се фрли. Во кујната моравме да правиме се рачно, бидејќи немаше електрични апарати што прават се за нас. Кога испраќавме нешто по пошта мораше кревко да го спакуваме, користевме стари весници, а не пластични балони и топчиња од стиропор, за кои беа потребни 500 години да се распаднат.
Во наше време не користевме косилки на бензин за косење трева, тие беа механички и ги користевме мускулите за да ги употебуваме. Вежбите беа неверојатни и не требаше да одиме во теретана за да останеме во форма.
Во право си, во наше време не се грижевме за околината. Пиевме вода директно од чешмата, а не од пластични шишиња и чаши што сега ги полнат океаните.
Всушност, во наше време немаше „зелен бран“ – тогаш сите се качувавме на трамвај или автобус, момчињата користеа велосипеди или пешачеа за да одат на училиште, наместо да ги користат родителите како 24 -часовна такси услуга.
Значи, не е неверојатно што сегашната генерација зборува толку многу за „околината“, но не сака да се откаже од ништо и не размислува да живее малку како во мое време!
Сега кога ја прочитавте оваа тирада, испратете ја на вашите пријатели над 50. години и на млади луѓе кои имаат се во своите раце и знаат само да ги критикуваат постарите!!!

Постот го постави Александар Стојчевски на групата „Интересни Фејсбук статуси“.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …