(ВИДЕО+ФОТО) СЕМЕЈНА АФЕРА: „Открив мрачна семејна тајна во куп стари писма – не знам дали да ја споделам или да ја задржам за себе!“

Жена открила мрачна семејна тајна во пакет изгубени писма од раните 1900-ти.
28-годишната Челзи Браун од Њујорк се занимава со пронаоѓање дневници, писма и семејни наследства и нивно обединување со потомците на оние на кои првично им припаѓале. Но, кога наишла на своето најново откритие – сноп изгубени писма, не била сигурна дали да му ги врати на семејството, откако во нив открила тајна афера. „Писмата открија афера која се случила помеѓу една жена и најдобриот пријател на нејзиниот вереник“, рекла таа.
Оваа афера се случила за време на нивната свршувачка и веројатно траела во првите неколку години од нивниот брак“.
„Има уште многу нешта што го открија писмата, што не сакам да го зборувам јавно за заштита на идентитетот на семејството, но секако тоа бил љубовен триаголник“.

Челзи ги пронашла писмата преку продавач во Калифорнија, со кој редовно соработува и кој и помага да најде артефакти.
Откако ги прочитала писмата, открила дека датираат од периодот од 1908. до 1911. година и била воодушевена од деталите.
Но, сфаќајќи ја тајната што може да ја откријат писмата, Челзи се обидела да дознае што повеќе за семејната историја и да го пронајде семејството на авторот. Додека сè уште одлучувала што да прави, таа ги прашала своите 90.000 следбеници на нејзината страница на Инстаграм за мислење за тоа кој треба да биде нејзиниот следен чекор, пренесува Sun.



Луѓето и дале многу предлози кои би можеле да и помогнат, додека видеото им се допаднало на повеќе од 5.000 луѓе.
Челзи рекла: „Сè уште одлучувам што сакам да направам со овие писма, но од се што знам за семејството, што го најдов преку myheritage.com, најверојатно ќе одлучам да не им ги враќам писмата“.
„Навистина мислам дека тоа би направило повеќе штета отколку добро, а мојата мисија откако го започнав проектот за враќање на наследството беше да им дадам на семејствата ‘парче од загатка’ што ја комплетира приказната за нивните предци што нема да предизвика болка“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 30.11.2022: Обидете се да бидете „позитивно наметливи“ или неизбежни во мерка до која е пожелна во емотивните средби…

Овен Љубов: Загрижени сте за настани кои вознемируваат блиска личност. Вложувате голем напор за да …