(ФОТО) „Изгледа како бебе на кит“: Камила Кабелјо претрпела СТРАШНИ НАВРЕДИ ПО СЛИКИ ОД ПЛАЖА, па ОБЈАВИЛА МОЌНА ПОРАКА!

Таа исто така нагласила дека сака да го прифати своето тело какво што е, што е многу важна порака за сите жени:
– Се потсетувам на сето ова, слушам подкасти за интуитивна исхрана, следам жени кои го прифаќаат нивниот целулит, стрии, стомак, надуеност и флуктуации на тежината… а сепак, јас сум слободна жена во моите 20-ти среде проклети тони промоции и сакам да се чувствувам како да изгледам „добро“.

А што правела токму на денот кога папараците ја „уловиле“ искрено признала:


-Денеска набавив ново бикини, сето тоа е проклето слатко, ставив сјај за усни и не јадев ништо тешко пред да одам на плажа, бидејќи знаев дека ќе се претвори во фотосесија. Го држев стомакот толку затегнат што ме болеше, не можев да дишам и едвај се насмевнував и бев толку свесна каде се апаратите што не можев да се опуштам и да уживам во природата. Се обидов да се преправам дека тие не се таму, но не можев да го направам тоа и едноставно го вовлекував стомакот секој пат кога одев од лежалката до океанот“.

View this post on Instagram

A post shared by camila (@camila_cabello)



Таа не крие дека сакала само да биде среќна, безгрижна и слободна, исто како групата деца што ги видела тој ден …
– Знаев дека ќе изгледам „добро“ на фотографиите и мислев дека ќе се чувствувам исполнето, а сепак никогаш не сум си поминала полошо на плажа. Чувствував тага и празнина бидејќи мислите на оваа култура станаа мои мисли. Сакам да зборувам за ова затоа што гледаме фотографии од жени и ги фалиме како изгледаат добро, фит или „здраво“, но што е здравје ако сте толку фокусирани на тоа како изгледа вашето тело што менталното здравје страда и не можете да уживате во животот. На кого се обидувам да му бидам привлечна и дали сум привлечна за себе ако не можам да се опуштам и да уживам во убавиот ден на плажа? За жал, се уште не сум на таа точка да не давам ни пет пари за туѓи мислења. Интелектуално, знам дека тоа како изгледам не одредува колку сум среќна, здрава или секси. Емотивно, пораките што ги добивам од светот гласно ми одекнуваат во главата.

View this post on Instagram

A post shared by camila (@camila_cabello)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познат руски психолог открива: Една особина ја прави жената фатална

Не се работи за физички изглед Познатиот руски психолог Михаил Лабковски смета дека самодовербата е …