(ФОТО) „Изгледа како бебе на кит“: Камила Кабелјо претрпела СТРАШНИ НАВРЕДИ ПО СЛИКИ ОД ПЛАЖА, па ОБЈАВИЛА МОЌНА ПОРАКА!

Папараците „ја уловиле“ познатата пејачка на плажа и оттогаш почнале салви на навреди на нејзина сметка
Камила Кабејло уживала на плажата во Мајами, но набрзо тоа уживање и преседнало. Папараците ја снимиле во бикини со тигрест дезен, а кога фотографиите стигнале до јавноста, светската ѕвезда ја дочекале салви од навреди и непристојни коментари.

This image has an empty alt attribute; its file name is kamila-kabeljo-1-682x1024.jpg


Дваесет и петгодишната Камила била неправедно бомбардирана со коментари како „На оваа жена итно и треба теретана“, „Таа е прилично тркалезна“, „Секако не е пример како да се храниме здраво“, „Изгледа како бебе на кит“ „Таа треба да изгуби најмалку 15. килограми пред следниот пат да оди на плажа“.

Но, храбрата Камила не сакала да молчи и имала реакција на ужасните коментари.


View this post on Instagram

A post shared by camila (@camila_cabello)


Таа испрати јасна порака до милионите следбеници:


– Секогаш кога одам во овој клуб на плажа во Мајами, станувам мета на папараците – некако секогаш дознаваат кога ќе дојдам, ме фаќаат во бикини и секогаш кога се чувствувам многу ранливо и неподготвено. Носев премало бикини за мене и не внимавав како изгледам, но потоа видов фотографии на мрежите и коментари и многу се вознемирив…тоа бил почеток на пораката, и Камила не ја криела својата ранливост.
– Се потсетувам дека мојата самодоверба беше под влијание на мислењата обликувани од културата, а не од моите сопствени. Култура која толку го навикна светот на идејата за тоа како изгледа „здравото“ женско тело и што е апсолутно нереално за многу, многу жени. Фотошоп, рестриктивни диети, претерување во вежбањето и избирање агли кои прават нашите тела да изгледаат поинаку отколку во реалноста и во нивната природна форма – кога длабоко вдишуваме, кога јадеме нешто, кога нè „тепаат“ брановите …

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што ја одредува СУДБИНАТА на човекот? Десет цитати од познат психолог кои можат да дадат одговор

Познат психолог открива што е тоа што, според него, ја одредува судбината на речиси секој …